Centar.mk
фото ЈП Комунална хигиена-Скопје
ЛОКАЛНО

ЈП Комунална хигиена-Скопје започнува со машинско миење на скопските булевари и улици

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици, со употреба на автоцистерни. Машинското миење се реализира со цел – одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови, кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.

Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.

Во текот на 2025-та година биле запалени вкупно 27 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, додека само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери.

фото ЈП Комунална хигиена-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК