17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: На овој историски ден за нас започнува ново поглавје за македонскиот јазик

– На овој историски ден за Северна Македонија, кога се одржа првата Меѓувладина конференција со ЕУ со што се отвора процесот за прием на земјава во европското семејство, започнува и едно ново поглавје за македонскиот јазик – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Брисел.

– Јазикот кој се говори на сцените на македонските театри, кој се пее на концертните подиуми, на кој се пишуваат македонската проза и поезија, отсега па натаму не само што ќе биде заштитен туку ќе доживее и нова промоција, зашто допрва македонскиот збор ќе одекне во многу нови култури каде што досега многу малку допрел – истакна министерката.

Таа уверува дека со почетокот на преговорите, јазикот, како темел на Македонците, се прецизира без никакви дополнувања и дообјаснувања. Со тоа се отвора вратата македонскиот јазик да стане еден од официјалните јазици на Европската Унија.

– Задоволството на овој ден е огромно, кога по 17 години носење тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или каква било друга припадност, се на вистинската страна. Северна Македонија природно, вредносно и цивилизациски припаѓа во европското семејство. Нашето место е во Европската Унија. Ние досега многупати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија – вели таа.

Костадиновска-Стојчевска е децидна дека продолжуваме по истиот пат, во интерес на граѓаните, и Владата работи посветено во рамките на автентични иницијативи за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ. Иднината на македонските граѓани е европска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Видео)Ковачевски: Ова е историски ден, огромно е задоволството што по 17 години конечно ги отпочнуваме преговорите

M T

Историски ден за Република Северна Македонија: Во Брисел започнуваат преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

M T