Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Боркица бара развод од Никола Груевски

Сопругата на поранешниот премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска пред Основниот граѓански суд во Скопје поднела барање за развод, објави Фокус.

Судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник, бидејќи Груевски не достапен и нема друг начин да биде информиран тој.

-Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари, се вели во огласот.

За привремен застапник на Груевски е поставена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.

Огласот бил објавен во службен весник, а фотографијата огласот беше забележана уште попладнево на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК