Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Советот на ЕУ одобри почеток на пристапните преговори со Скопје и Тирана, објави чешкиот премиер

Усвоени се и преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија

Советот на Европската Унија одлучи да ги започне пристапните преговори со Скопје и со Тирана, објави на Твитер чешкиот премиер, Петр Фиала, чија земја претседава со оваа институција до крајот на годината.

Тој го оценува ова како важен чекор во приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ. „Ова е голем успех за нашето претседателството“, додава Фиала.

Усвоени се и преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија.

Чешкиот премиер вели дека утре во Брисел ќе се сретне со лидерите на двете земји за да разговараат за следните фази на патот кон Унијата.

Претходно денеска Европската комисија соопшти дека утре претпладне се планира заедничка изјава на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, премиерот Фиала и неговите колеги од Албанија, Еди Рама и од Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Се очекува почетокот на преговорите да биде официјализиран со првите меѓувладини конференции во текот на денешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК