Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Сончево и топло време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде в петок и за време на викендот кога подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран. Од петок дневните температури на повеќе места ќе бидат над 35 степени.