22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Рубљов: Не разбирам зошто ни забранија да играме

Андреј Рубљoв беше еден од оние играчи кои добија забрана за настап на Вимблдон. Одлуката на организаторите на турнирот во Лондон да им забранат на Русите и Белорусите да играат и понатаму предизвикува бројни коментари, а Рубљов уште еднаш се огласи.

Тој вели дека руските тенисери направиле се за да ги убедат луѓето од Вимблдон да ги пуштат да играат.

„Ние им понудивме некои решенија кои би биле од помош на дипломатско ниво, да речеме дека играме мешани двојки со Украинците и не се бориме за трофеи. Сакавме да ја искористиме платформата на турнирот за да покажеме дека таму не се бориме, дека во тенисот нема војна. Тоа е најважно сега“, вели Рубљов.

Тенисерот од Москва изјави дека забраната за игра силно го погодила.

„Секако дека бев фрустриран кога дознав за суспензијата. Сите ние напорно работиме за да учествуваме на гренд-слем турнирите. Се што знам вложив во кариерата, а потоа некој ми забрани да работам. Вознемирувачки е, сето тоа“, додаде тој.

На крајот, тој рече дека не му е јасен одговорот на директорот на турнирот на неговите прашања, зошто добиле забрана.

„Како тенисер, можев да ја испратам вистинската порака од теренот, но постојано го добивав истиот одговор, „руската влада сето тоа ќе го искористи како пропаганда“. Без разлика што кажав, одговорот беше ист. Не разбирам зошто го направија тоа“, заклучи Рубљов.

Можеби ќе ве интересира

„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари на познати личности

M T