Centar.mk
БИЗНИС

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија

Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија.

Од друга страна пак согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга.

Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Најдобро чуваната шопинг тајна е откриена: Pepco доаѓа во Скопје овој јуни!

ДЕСК

Од деловен состанок до ноќно селфи: Како Galaxy S26 Ultra и новите Buds 4 стануваат новите урбани херои на Скопје

ДЕСК

Во февруари: Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 12,6% на вкупната кредитна поддршка

ДЕСК