13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Државничка одлука, ДА за членство во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик

Собранието донесе државничка одлука, со усвојувањето на Заклучоците се обезбедува почеток на преговорите со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност, соопшти СДСМ.

„ Македонци кои говорат македонски јазик и билатерални и историски прашања надвор од процесот на преговри, така ги започнуваме и повеќе од заслужените преговори за членство во ЕУ.

Со тоа, отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик.

Иднината на државата е обезбедена и таа е европска, со потврден, заштитен македонски јазик и идентитет со сите нишани. Продолжуваме по европскиот пат како наша стратешка државна цел поставена уште од денот на независноста“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

ДЕСК

Герасимовски: Центар беше високо оценета од УСАИД за степенот на транспарентност

ДЕСК

По 61 година учениците во Црешево ќе добијат спортска сала, Јаневска и Стефковски извршија увид во градежните активности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.