Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Битола пронајдена дрога, приведен дилер

На 16.07.2022 во Битола,по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишен е од слобода З. С.(25) од Битола. При извршен претрес во изнајмен апартман во Битола, кој пријавениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакување и продажба на дрога на наркозависници од Битола, пронајдена е марихуана и дигитална вага.

З. С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +