Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Заштитата на македонскиот јазик, идентитетот и посебноста на Северна Македонија, веќе се потврдени

Фејсбук статус на вицепремиерот Фатмир Битиќи:

Кога е потребна одлука, важно е да ја донесеме. Постојано слушам за победници… победници се оние кои имаат храброст да донесат одлука и кога е тешка. Победници на долги стази се оние кои остануваат во игра и кои учат брзо како да ја играат и се адаптираат.
На денешната седница на Влада требаше да донесеме одлука.
За мене, тоа значи одлука за:
– Реформи и зајакнување на нашите институции
– Инклузивност во Унија кон која 30 години се стремиме
– Пристап до финансии
– Разој на општеството во насока која нашите деца од нас години наназад ја бараат и во кои се селат
– Одлука, таква држава да добијат во својата татковина
Заштитата на македонскиот јазик, идентитетот и посебноста на Северна Македонија, веќе се потврдени. На нас останува да ги зајакнуваме. Не случајно велам, на нас останува. Да, на сите нас.
Доста се веќе поделби. Иднината ни припаѓа на сите. Или заедно или нема да не биде.
Јас, Фатмир Битиќи, да го кажувам моето име, албанско. Зошто е време да престане скептицизмот дали ја сакам оваа држава.
Ја сакам, работам за неа и сум сигурен дека заедно можеме да ја постигнеме целта.
Дали целта е Македонија во ЕУ. Не, целта е европска Македонија.
Македонија која се реформира, со силен и поверлив систем. Држава во која се почитуваат различностите.
Македонија која ја сочинуваат срцата, храброста, надежта и желбата на сите нејзини граѓани.
Мојот глас денеска е ЗА таква Македонија.
Европска Македонија а потоа и Македонија дел од Европска Унија!

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК