Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

МВР СО АПЕЛ: Ако ги препознаете овие лица, веднаш завртете на 192

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА:

МВР апелира до граѓаните, доколку било кој препознае некого од насилниците, како што се шесте лица од објавените фотографии, кои на 05.07.2022 насилнички се однесуваа за време на ненајавениот протест, фрлајќи тврди предмети кон полицискиот кордон и објектот на Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници, може да го пријави тоа на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица.

Без разлика дали пријавата е анонимна или не, полициските службеници ќе постапат и, доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш со апел до граѓаните да не дозволат да бидат вовлечени во насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста. Секој дијалог треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција останува гарантот за безбедноста на тие институции, на државата и нејзините граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМАГЛЕНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО ВО СТУДЕНИТЕ УТРА? – Три поставки што можат побрзо да ја вратат видливоста

ДЕСК

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК