23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: Ковачки требаше да одговори која е неговата поврзаност со луѓето со качулки на протестите

Вистината е една, македонскиот јазик е чист, преку тоа и македонскиот идентитет, но вие и понатаму продолжувате да ги нарушувате меѓучовечките односи да иницирате меѓуетнички тензии, затоа што само тоа го знаете. Вашиот партнер е Левица и ова сценарио веќе сме го виделе на 27 април, кога на ист ваков начин лажевте за кантонизација и федерализација, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски од собраниската говорница.

Каевски го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да одговори која е неговата поврзаност со луѓето со качулки на протестите и дали координирал поранешни припадници на Армијата во црните и крвави сценарија..

На крај ќе ви кажам дека сте кукавици, кукавици сте бидејќи манипулирате со 18 годишни момчиња, исто како што манипулиравте на 27 април сé со цел да остварите некој политички поен. Кукавици сте затоа што се криете зад Левица и заедно со нив одработувате за туѓи центри на моќ, кои не и мислат добро на оваа држава. Кукавици сте затоа што освен црни сценарија поделби, омраза, злоба, не знаете ништо друго. Ова нема да ви помине, затоа сте многу нервозни, затоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ, со чист македонски јазик, со македонски идентитет, онака како што денеска укажа и претседателката на Европската комисија, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски од собраниската говорница.