Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачки откако не му палеше запалката за да го запали францускиот предлог во досега невидено нервозно издание делеше закани за апсења

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ (кој до влегување во политиката беше полковник во АРМ) преку говорницата изрече сериозни и тешки закани за претседателот на владата Ковачевски за кого кажа дека не го признава и дека избегал од салата.

-Ќе скапеш, ќе скапеш, во затвор. Може да се смеете до утре сабајл, ние ова ќе го реализираме- рече Ковачки и потоа со Зипо запалка се обиде да го запали францускиот предлог.

Неколкупати се обиде да ја активира Зипо-запалката позната дека пали во секакви услови, но Ковачки не успеа. Потоа го искина предлогот со раце.

Претседателот на Собранието Талат Џафери му забележа на заканувачкиот речник и му посочи дека тој како спикер нема да исфрли никој од галеријата (локација каде се собраниските известувачи и новинарски екипи) како што се случувало порано и дека јавноста ќе биде информирана за се што ќе се случи или ќе се каже во пленарната сала.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК