Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски со апел за мирни демонстрации: Секој напад на полициски службеници или витални објекти, а со тоа и обид за рушење на државата и уставниот поредок ќе биде најстрого санкциониран

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Апелирам до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, да покажат демократски капацитет, заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а посебен апел до политичките субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни.

Повикувам на свесност и одговорност на протестите, бидејќи насилството и нетрпеливоста со ништо не можат да се оправдаат и не го претставуваат вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО.

Секој напад на полициски службеници или витални објекти, а со тоа и обид за рушење на државата и уставниот поредок ќе биде најстрого санкциониран.

Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, да спречиме немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата.

Почитувани граѓани,

Искажете го својот став мирно и достоинствено, така како што доликува на една демократија.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК