10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ШТО КАЖУВА ЗА ВАС СТИСОКОТ НА РАКАТА – Еве еден од омилените тестови на работодавците

Кога ќе сретнете некого, дали му ја „скршувате“ раката или, напротив, едвај ја допирате? И во приватните и во деловните односи, ракувањето е многу важно, бидејќи луѓето често го формираат првиот впечаток само врз основа на тоа.

Работодавците не кријат дека ракувањето е еден од тестовите со кои за време на интервјуто ги одредуваат квалитетите на потенцијалниот работник. Истото е случај и со потенцијалните деловни партнери.

Лошото ракување се поистоветува со истиот карактер, но ниту другата крајност не е добра. Ако некого стискате толку силно што ќе му ги „скршите“ коските, се добива впечаток дека со покажувањето прекумерна сила надокнадувате недостаток.

Затоа, стисокот треба да биде со умерена јачина. Неговите најдобри „придружници“ се самоуверената насмевка и контактот со очите. Ова ќе му даде до знаење на лицето од другата страна дека сте доверливи, сигурни и достојни за почит. За да ја совладате оваа заборавена уметност, вежбајте.

Замолете ги вашите пријатели искрено да ви кажат дали вашето ракување е премногу силно, слабо и што може да се поправи. А следниот пат кога ќе одите на интервју или деловен состанок, земете длабок здив, исправете ги рамениците, кренете ја главата, насмевнете се и самоуверено испружете ја раката кон личноста од другата страна на улицата.