9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Идеален утрински напиток: Го забрзува метаболизмот и помага за слабеење

Доколку ви треба дополнителна енергија за извршување на секојдневните активности и сакате да го одржите вашето здравје на високо ниво, тогаш ви е потребен овој напиток.

Напитокот кој се состои од само две состојки вода и лимон, може на неверојатно ефикасен начин да му помогне на вашето тело да се избори со различни тешкотии и да ви помогне да ги совладате секојдневните активности. Потребно е само да консумирате една чаша од овој напиток секое утро пред да пиете или јадете нешто друго. Топлата вода и една лажичка исцеден сок од лимон ќе направат чуда за вас.

Чист организам
Овој напиток ќе го прочисти вашето тело – почнувајќи од црниот дроб, ќе го стимулира дигестивниот тракт, ќе ја подобри работата на цревната флора, а благодарение на антиоксидансите кои се наоѓаат во лимонот, а кои помагаат во регенерацијата на клетките – вашето лице ќе блесне.

Помага при слабеење
Доколку сте на диета или треба да ослабете – овој напиток може да ви помогне во тоа. Освен што помагаат да се исфрли вишокот течност од телото и да се забрза метаболизмот, влакната кои се наоѓаат во лимонот го намалуваат апетитот.

Дава енергија
Иако повеќето луѓе кои пијат кафе мислат дека тоа е единствениот пијалок кој може да ве разбуди наутро – тоа не е точно. Топлата вода и лимонот имаат повеќе моќ да се разбудат од шолја кафе. Покрај тоа, мирисот на лимон позитивно влијае на расположението.

Го забрзува заздравувањето
Благодарение на витаминот Ц, кој во големи количини се наоѓа во лимоните, раните побрзо зараснуваат, коските остануваат поздрави, а воспалението во телото побрзо се смирува. Витаминот Ц е главната состојка во анти-стрес и физикална терапија. Затоа секое утро ќе биде доволна чаша вода со лимон за да го подобриме нашето тело.

Го освежува здивот
Чаша топла вода и сок од лимон може да ви помогнат да имате свеж здив. Освен тоа, лимонот ја ублажува забоболката, како и гингивитисот, а според некои истражувања ги ублажува симптомите предизвикани од периодонтитис.

Негативното дејство на лимонот е тоа што може да ја оштети забната глеѓ. За да го избегнете ова, доволно е да не ги миете забите веднаш по пиењето вода со лимон или барем прво да ја протресете устата со чиста вода.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЧУДЕСНО ОВОШЈЕ – Мирисот на лимон го олеснува дишењето, ги одвраќа бубачките и поттикнува подобро расположение

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Лимонот прави ЧУДА: Со помош на ова овошје можете да ја исчистите МАШИНАТА за садови

M T

ГО УСПОРУВААТ МЕТАБОЛИЗМОТ – Овие три навики ви ја саботираат секоја диета

M T

Внимавајте на исхраната: Три намирници за побрз метаболизам

M T

Напиток кој го забрзува метаболизмот, топи килограми и го чисти црниот дроб – Потребни се само две состојки

M T