Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Дипломатски извори на EK: Преговарачката рамка за Црна Гора содржеше “официјален јазик” во вашата е “македонски јазик”

Истите извори изразуваат чудење што овој предлог наишол на реакции поради тоа што францускиот предлог инсистирал македонскиот јазик да биде јасно наведен исто како во случајот со таканаречениот португалски предлог, пренесе Нова.

Во однос на добрососедските односи претставниците на Комисијата не гледаат големи разлики во овој сегмент меѓу она што го содржи предлог-рамката за Северна Македонија и она што го имаат Србија и Црна Гора кои и двете имаат елементи на добрососедски односи.

Европските дипломати појаснуваат дека добрососедските односи не се дел од Копенхашките критериуми, но се дел од условите за пристапување за земјите од Западен Балкан (внесени преку процесот на Стабилизација и асоцијација) и затоа, според нив, има внимателен вординг во членот 47 од предлог-рамката кој се однесува на делот на тоа што прави Европската комисија во овој процес.

„Комисијата ќе обрне особено внимание на обврските на Северна Македонија во однос на добрососедските односи и регионалната соработка во референца на членот 5 и за имплементацијата ќе ја информира Меѓувладината конференција“, се вели во членот 47 од предлог-рамката.

Значи, ние треба само да информираме“, објаснува соговорникот од ЕК, правејќи разлика со толкувањата со тоа дека Комисијата ќе треба да изготвува извештаи за оваа тема, пишува порталот Новатв.мк.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК