Centar.mk
СВЕТ

Украински дронови погодија две големи руски рафинерии, петмина повредени

Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта – Сизрањ во Самарската област и Илски во Краснодарскиот крај. Во двата објекта избувнале пожари.

Во рафинеријата во Сизрањ избувнал пожар од големи размери, откако локалните жители пријавиле десетина експлозии меѓу 3:50 и 4:30 часот. Над постројката се издигнал густ црн чад.

Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврдил напад врз „едно од индустриските претпријатија“, без да соопшти детали за штетата. Според независната ОСИНТ-анализа на каналот „Астра“, погодена е рафинеријата во Сизрањ, која е во сопственост на „Роснефт“ и има годишен капацитет од 8,9 милиони тони нафта.

Истовремено била нападната и рафинеријата Илски во Краснодарскиот крај. Според регионалниот оперативен штаб, пожарот го предизвикале остатоци од соборени дронови. Повредени се пет лица, на кои им била укажана медицинска помош.

Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта биле пресретнати вкупно 397 беспилотни летала над повеќе руски региони, окупираниот Крим и Азовското Море./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НАТО РЕАГИРАШЕ НА ТВРДЕЊАТА ЗА РУСКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ВО ВСЕЛЕНАТА – Руте најавува одбранбена подготвеност

ДЕСК

ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ХАНОЈ – Десетмина повредени, се истражува причината

ДЕСК

Масовен украински напад врз Русија: Москва тврди дека соборила 699 ​​беспилотни летала

ДЕСК