Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Луѓе од други земји се дојдени во Македонија за да испровоцираат инциденти, момче од 18 години признало од кој е наредбата за тоа

Шефот на државата Стево Пендаровски ексклузивно во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека руската федерација го злоупотреба тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог.

Според Пендаровски, луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.

„Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Не се наши државјани…“, вели Пендаровски.

Тој додава дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел, да го направи и кога треба да го фрли.

Целото интервју со претседателот Пендаровски вечерва во 21:30 часот на ТВ21

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК