Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Пендаровски za ТВ21: Руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог

Шефот на државата Стево Пендаровски ексклузивно во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека руската федерација го злоупотреба тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог.

Според него, безбедносната ситуација во Македонија се затегнува и влошува.

„Она што го знам и што го добивам од безбедносните органи е дека постојат елементи кои ни доаѓаат од регионот… Македонија во овој момент е под интензивирани хибридни напади слични на нивото кое го имавме во 2018 година“, вели Пендаровски.

Тој додава дека тоа нема никаква врска со луѓето кои протестираат.

„Трети страни, прецизно Руската Федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог“, додаде Пендаровски.

Целото интервју вечерва во 21:30 часот на ТВ21

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК