Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Силно невреме го погоди Охрид – Откорнати дрва паѓаа врз автомобили

Откорнати дрвја од краткото невреме со дожд и ветер што попладнево го зафати Охрид го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања.

Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот.

– Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на Болницата, соопшти претпријатието.

Според информацијата, нивни екипи расчистувале и на други локации низ градот, меѓу кои и паднато дрво на улицата „ 7-ми Ноември“.

Можеби ќе ве интересира

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК

Водовод Скопје: Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ДЕСК