17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Не успеа крвавото сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните, соопшти СДСМ.

„ Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција. Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.

Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назаначен за директор на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска. Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое синоќа не успеа.Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано“ велат од владејачката партија.

Оттаму апелираат до граѓаните да не подлегнувааат на вакви конструкции, повикуваат на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.

Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени, порачаа од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T