Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Србија е на европскиот пат, која ни е алтернативата? Тешко дека постои

Србија е на европскиот пат и тоа е голем бенефит. Прашањето е која ни е алтернативата, тешко дека постои. Затоа ги молам луѓето рационално да ги постават работите и да се запрашаат што им е изборот од другата страна, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија во вечерашното интервју за Сител телевизија.

„Србија е на европскиот пат, која ни е алтернативата? Напросто, тешко дека постои. Но, луѓето не се занимаваат со тоа, се занимаваат со тоа како нашата земја напредува. Ние и понатаму ги чуваме пристојните односи со Русија и со сите други и дали сме на европскиот пат, сме, тоа е огромен бенефит.“ рече српскиот Претседател, Александар Вучиќ, за Сител телевизија.

Пораката на Вучиќ е јасна, доаѓа во однос на предлогот на француското претседателство и отоворената дебата во македонското општество.

„Затоа ги молам луѓето рационално да ги постават работите. Да кажат ова не е убаво, не е добро, не е ни претерано пријателски но, што ни е изборот од другата страна? Во таа насока луѓето да ги постават работите. “ рече Александар Вучиќ за Сител телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +