24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Европа ни нуди да почнеме преговори на македонски јазии и внатре во ЕУ нашиот став да го кажуваме на македонски јазик

Фејсбук статус на координаторот за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец:

Европа на чело со Франција ни нуди да го почнеме процесот на преговори кој за сите земји членки почнува со Меѓувладина конференција и со Скрининг односно со преглед на сите детали во сите поглавја/теми во кои треба да се усогласиме со европските стандарди.

Меѓувладината конференција и целиот скрининг што како процес траеше од 8 до 18 месеци (просек 12 месеци) за сите други земји, би ги спровеле со чист македонски јазик. ЕУ ќе ангажира официјални преведувачи и секој еден документ од нашата преговарачка рамка ќе биде преведен на македонски јазик. Европа го признава македонскиот јазик, а со тоа и македонскиот идентитет и ја сведува Бугарија на унилатерална (еднонасочна изјава) за нивното тажно мислење за нашиот македонски јазик.

Сумирано, ЕУ признава македонски јазик и ни дава да почнеме преговори онака како што почнаа сите други земји членки (со Меѓувладина конференција и со Скрининг) и го сведува бугарскиот став за македонскиот јазик на унилатерална (изолирана, маргинализирана изјава). Да, и ние ќе имаме унилатерална изјава за македонскиот јазик, ама нашата изјава ќе биде идентична со таа на ЕУ. А, таа на ЕУ целосно спротивна од таа на Бугарија.

После скринингот, преговорите продолжуваат со отворање на поглавјата, а единствениот услов за да го отвориме првото поглавје е да внесеме три за нас познати етнички заедници (Бугарите, Хрватите и Црногорците) во нашиот Устав и од седум да имаме 10 уставни етнички заедници.

Кој зборуваше за македонскиот јазик вечерва пред Влада?
Кои беа “лидерите” вечерва на митингот пред Влада?

ВМРО-ДПМНЕ што во нивното владеење не мрднаа со прст за македонскиот јазик? Оние кои Блаже Конески го нарекуваа џуџе? Оние на кои им сметаше македонскиот јазик оти е словенскик, а тие нели се антички?

Госпоѓата Улчар што во име на себеси и на неколкумина не ги даваше правата за дигитализација и за бесплатна достапност до народот на Правописот (pravopis.mk) и на Толковниот речникот на македонскиот јазик (makedonski.gov.mk) без да добијат екстра хонорари, иако редовно земаат државна плата?

Јас бирам да одам чекор поблиску во Европа и таму во тој преговарачки процес на признаен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК со својот МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ, како МАКЕДОНЕЦ да викам гласно за моето и нешето право на самоопределување.

Одбивам Мицкоски што не мрднал со прст за македонскиот јазик да ме води на митинзи ванаби Шарена и во фаца да ми кажува дека не сакал во Европа.

Тој не сака – јас сакам во Европа. Сакам во Европа со призаен македонски јазик од цела ЕУ, бидејќи другата опција ми е Русија која за жал е водена од агресивен лидер кој напаѓа независна и суверена држава, зачинета со непризнат македонски јазик од ЕУ.

Да живее македонскиот јазик кој за прв пат од Европа добива понуда да биде призаен и официјално преведуван во институциите на ЕУ!