Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СМЈ: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик

Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија, констатира Советот за македонски јазик (СМЈ), кој денеска на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог кој Владата го објави вчера на својата веб-страница.

-СМЈ смета дека нашата држава и сите високообразовни и научни установи во овие нови околности треба да се залагаат и да работат врз натамошната афирмација и еманципација на македонскиот јазик во европски и во светски рамки. Ова значи дека како државна политика треба да се залагаме за максимално можно отворање лекторати по македонски јазик на универзитетите во странство и во културните центри при амбасадите на Македонија, соопшти Советот при Владата.

Во соопштението од Советот е наведено и дека на домашен план многу поголемо внимание и грижа треба да се посветат на создавање и вработување подмладок во научната и образовната област македонски јазик, но и да се обрне особено внимание на негување на јазичниот израз во писмена и во усна форма на сите рамништа во нашата држава и надвор од неа.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК