23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

МНР: Протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања не се дел од Преговарачката рамка

Лага е дека историските прашања, билатералните прашања се влезени во францускиот предлог различно од било кој предлог, порача денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Ако се спомне договор, дали тоа ги опфаќа сите членови од тој договор, значи штом се спомнува договорот за добрососедство тоа значи член 1 и 2 и 3 и 5 и 12 нема исклучување, за да се создаде впечаток дека еве се става фокус на едно прашање, но правно, од правна гледна точка разлика меѓу договорот за добрососедство и член 12 од истиот договор нема, затоа што и член 13 таму и член 8 и 2 нема разлика, тоа се прашање за создавање на перцепција на јавност, за тоа викам разликата, сигурно ме гледаат и експерти, разликата меѓу германскиот предлог кој што беше прифатлив за нас и сите други предлози е и францускиот, во едната пишува опипливи резултати за имплементација на договорот за добрососедство тука пишува опипливи резултати во имплементација на договорот од добрососедство и неговиот член 12, па член 12 е дел од договорот. Значи да, има вакви игри на зборови за да се создаде впечаток, но во суштина нема разлика, нема никаква разлика помеѓу договор и неговиот член 12. Тоа што јас не сакав да биде таму е да стои документ од протокол како продукт на процес кој што го наметнува договорот. Ама во самиот договор стои член 12, така што спомнувањето на членот кога веќе го имате договорот нема никаква правна логика. Ова е прашање за да се даде компромисно, креативно решение во кој што ќе се добие впечаток дека двете страни добиваат од тој договор, порача Османи.

„Тоа се само овие две прашања кои даваат впечаток дека е нешто ново за да се создаде впечаток за компромис, се надевам ова нема да штети во Бугарија, но јас ќе ги бранам овие позиции секогаш, лага е дека францускиот предлог прави нешто повеќе од колку што правеше претходниот германски предлог и дека ние никогаш не сме имале обврски кон договор со Бугарија и Грција.“ заклучи министерот Османи.