17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

МНР: Одобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг

Одобрувањето на европскиот предлог, значи суштинско отворање на преговорите во полн капацитет, одржување на првата меѓувладина конференција, а со тоа старт на процесот на скрининг, објасни министерот на надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

“Со сета одговорност кажувам дека ова е добар предлог којшто ни го отвара патот којшто ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ.
Ако сега не го фатиме возот ова прашање ќе заглави во наредните години и години и ние ќе имплодираме од сите можни кризи кои ќе се појават од немањето перспектива”, рече Османи.

Османи на брифингот ги предочи и последиците од одбивањето на европскиот предлог, објаснувајќи дека се зависи од нас и дека без наша согласност ништо не мора да се прифати.

“Ако ние кажеме „Не“, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството. Неприфаќањето на овој предлог, е значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во Балканската кал со сите можни последници од овде и губење засекогаш перспективата за ЕУ.“, рече Османи и додаде: “Во услови кога светот е во војна, ние да зборуваме со лажни импрементации дека некој ќе не бугаризира кога од нас зависи, никој не може нас да натера да прифатиме нешно во никоја форма за било што” образложи Османи.

Истакнувајќи ја важноста од целиот овој процес, Османи кажа денес државата, Европа и светот живее тешко време, соочено со тешки предизвици и дека е сега е време за државнички одлуки.

“Неодговорно е и срамно за вакви прашања да се води партиска политика за да некој стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме го внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политики партии. Ова се времиња во кои државници одлучуваат и ова се времиња каде треба да се донесат државнички одлуки за наредните генерации” рече Османи.