Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски се уште покажува дека нема државнички капацитет, време е политички да созрее

Христијан Мицкоски одново покажа дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, особено за прашања од највисок државен и национален интерес. Досега, низ целиот процес, сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа, соопшти СДСМ.

„ Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на разговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет. Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме, кои се усвоени во Собранието и тоа го исполнуваме целосно. Чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката, тоа беше државен став кој е содржан во новиот модифициран предлог.

Детали за предлогот што беше доставен вчера попладне веќе денеска ќе бидат целосно објавени, го остваруваме она што го ветивме, дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излезе во јавноста и сето тоа е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски. Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации“ се вели во партиското соопштение.

Од владејачката партија ги повикуваат сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесат одлуката.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК