Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каракачанов повика на национална револуција: Сведочиме на капитулација на бугарската државност

Францускиот предлог, е погубен за бугарската државност и е национално понижување на бугарскиот народ, смета поранешниот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов лидер на партијата ВМРО.

-Политичарите од Северна Македонија кои со децении ни ја крадат и фалсификуваат бугарската историја, благодарејќи им на Макрон и на импотентните бугарски пратеници, излегоа како победници – истакна Каракачанов.

Според него во францускиот предлог недостасуваат гаранции за јазикот на омразата, за препрочитување на историјата и за мониторинг врз работата и на конкретните резултати од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашање. Тој посочува дека 84 отсто од Бугарите јасно се изјасниле против какви било компромиси со бугарската историја. Каракачанов повикува на национална револуција и порача дека битката не била завршена.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +