22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид

Претседателот Стево Пендаровски на 28, 29 и 30 јуни 2022 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На 28 јуни, Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредува Кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

На 29 и 30 јуни претседателот Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Пендаровски на 29 јуни, во придружба на сопругата, ќе присуствува на неформалната трансатлантска вечера на ниво на шефови на држави и Влади, која ја приредува претседателот на Владата на Шпанија, Педро Санчез.

Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби.

На НАТО Самитот во Мадрид ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

M T

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

M T

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

M T