Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

58 санкционирани возачи на мотоцикли во Битола, три мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден (26.06.2022) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 58 возачи. Од нив, 34 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 32°C: Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК