Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жена загина во тешка сообраќајка на скопската обиколница, повредени се и три лица

Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа која вчеравечер се случи на скопската обиколница. Таа била сопатничка на моторцикл кој се судрил со автомобил марка „опел корса“. Двајцата возачи се пренесени во болница со полесни повреди.

„Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоцикло“, велат од МВР.

И сопатникот во автомобилот исто така има повреди. Тој е пренесен во радската општа болница „8-ми Септември“.

Увидот на скопската обиколница траеше до доцна во вечерта. На местото излезе и дежурен јавен обвинител. Телото на починатата е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК