28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИК

Нов профитабилен бизнис: Фабрички реновирани половни автомобили

Фабриката може да обработува 45.000 користени автомобили годишно.

Рено опреми специјална фабрика која се занимава исклучиво со уредување на половни автомобили. Интересно, Тојота исто така најави дека ќе почне да се фокусира на рециклирање на автомобили.

Францускиот производител на автомобили ја започна својата програма пред година и пол во Флин, северна Франција, каде што Рено има и нова фабрика за автомобили.

Сега Рифактори, како што француската компанија ја нарекува оваа фабрика, се уште е мал дел од фабриката во Флинс, но се очекува во иднина бизнисот да расте се повеќе и повеќе.

Фабриката може да обработува 45.000 користени автомобили годишно. Тоа се претежно автомобили стари од три до пет години, за кои се грижат стручни лица во четири различни оддели. Работниците поправаат помали оштетувања на каросеријата, заменуваат делови, повторно ја полираат бојата и прават сè друго што е потребно за време на проверката.

Како што се наведува, поради трошоците за превоз, целиот процес на реставрација на автомобилот е исплатлив само доколку работите со користени возила кои се наоѓаат во близина на фабриката. Затоа Рено веќе размислува за други локации. На врвот на листата се Турција, Шпанија и Португалија.

Можеби ќе ве интересира

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК

Кочоска: Македонија е единствена земја која не е членка на Европската унија, a потпиша Меморандум за соработка за развој на пазарите на капитал заедно со уште седум земји членки на ЕУ

ДЕСК

Дневен хороскоп за 28-ми август 2025

ДЕСК