Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

(ВИДЕО) Рама: Глупавата македонска опозиција се навреди од моите критики кон Бугарија и ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама во својот говор денеска на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел уште еднаш иронично се осврна на името на земјава, кога при поздравот со Шарл Мишел – претседател на Европскиот Совет, Емануел Макрон, претседател на Франција и Урсула фон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија, им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Подоцна, на прес-конференцијата,одговарајќи на новинарско прашање, Рама рече дека се надева оти неговата најнова досетка нема да се сфати како претходната, кога во Солун му го претстави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на германскиот канцелар Олаф Шолц како „премиер на идната Западна Бугарија“.

„Се надевам дека нема да се случи како со глупавата македонска опозиција, ОК… која го сфати она што го реков за Западна Бугарија како навреда. И видеото беше скратено, бидејќи реков иден премиер на Западна Бугарија и потоа: идниот премиер на Источна Албанија. Бидејќи тие бараат од оваа земја да ги направи сите напори. Тие го сменија името. Но, ова беше кажано како нешто не многу убаво за Бугарија и за ЕУ, а не за Северна Македонија. Но, кога си глупава опозиција, тогаш си осуден да останеш опозиција. Така што, добри се таму и можеби ќе се опаметат со време…“, рече албанскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК