Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден возач на мопед по удар со автомобил во струмичко

На 22.06.2022 во 10.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Нова Маала кон с.Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Г.О.(63) од с.Чанаклија и патничко моторно возило „фолксваген фолф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(39) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.О. кои му биле констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК