Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски од Брисел: Предлогот, каков што е во моментот, е неприфатлив за Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски во своето денешно обраќање од Брисел порача дека францускиот предлог, каков што е во моментот е неприфатлив за македонската страна.

„Предлогот каков што е во моментот е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат пристапните преговори до крајот на јуни“, рече Ковачевски.

Ковачевски упати благодарност до претседателот Макрон за ангажманот, додавајќи дека во текот на работата со францускито претседателство од наша страна биле соопштени нашите позиции и црвени линии

„Во тој контекст би сакал уште еднаш да потврдам дека предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не можат да бидат критериум во преговарачката рамка, преговорите помеѓу С Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставни измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот. Цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија“, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК