33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Бизнис

Утре нова цена на горивата

Утре Регулаторната Комисија за Енергетика на редовна седница се очекува да ја објави новата цена на горивата по која ќе се точат нафтените деривати во малопродажбата од вторник наутро.

Во моментов на светските берзи забележаное позначително намалување на цената на суровата нафта кое се случи викендов, а би требало да се одрази и на малопродажните цени.

Во моментов малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари.