17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богоев: Избори во 2024 година, со коалициската Декларација таа тема е затворена

Изборите ќе бидат редовни во 2024 година, со денешната владина коалициска средба и усвоената Деклрација, оваа тема е затворена, рече за Сител телевизија Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.

-За предвремени избори дефинитивно немаме намера повеќе да разговараме, затоа што тоа е нездраво, нелогично и несериозно во ваков период, среде најголема економска и енергетска криза.

Владата и СДСМ остануваат посветени на соочување со предизвиците од кризата и поддршка на граѓаните, рече Богоев.

Богоев додава дека распишување на избори би значела целосна стагнација на економијата и процесите во државата 6 месеци и не можност да се реализира ниту една антикризна мерка, што ќе биде погубно во услови на криза.

-Ако се распишат избори, според изборниот законик и другите закони неколку месеци не може да се преземаат активности кои се регулирани со закон, тоа значи замрена економска активност. Собранието ќе биде распуштено доколку има некои мерки кои треба да се донесат, значи не може да се донесат мерки за помош на економскиот стандард на граѓаните, додава Богоев.

Во оваа насока, вели Богоев за Сител, владата останува посветена на нови мерки и политики за заштита и подобрување на стандардот на граѓаните во услови на криза.