Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: Слаб митинг и ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, излитени фрази и повторување

Класичен партиски протест, без спектакуларна бројка на присутни, ниту пак неопределени граѓани, со излитени фрази и повторување едно исто од стана на ВМРО-ДПМНЕ, значи ништо ново, оцени денеска во гостување на Сител телевизија, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

„Демократско право на опозиција е да протестира. Но, вчерашниот протест би го оценил како слаб, класичен партиски протест, не видов спектакуларна бројка на присутни ниту пак некои неопределени граѓани кои излегуваа од Скопје или градовите. Прилично добар дел од пораките се излитени фрази и се повторување на едно па исто.“ рече Богоев.

Богоев додаде дека во услови кога целиот свет се соочува со енергетска и фанансиска криза, предизвикана од војната во Украина, а се рефлектира и кај нас, опозицијата и власта ширум светот се обединуваат само кај нај опозицијата блокира во едни тешки времиња за сите граѓани.

„Граѓаните се мудри, сфаќаат дека ова е проблем којшто го таргетира малтене целиот свет и мислам дека тоа го препознаваат и токму затоа не се лепат на политичката приказна на ВМРО – ДПМНЕ.“ рече Богоев во вестите на Сител телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +