23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полска останува гласен поддржувач на итен почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во рамките на својата агенда на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау.

Добивај вести на вибер
Ковачевски и министерот за надворешни работи на Полска и претседавач на ОБСЕ Рау на средбата разговараа за актуелната безбедносна ситуација и за заложбите за крај на војната во Украина, како и за други важни прашања од агендата на ОБСЕ.

Ковачевски на средбата со Рау истакна дека Северна Македонија, како земја членка на Тројката на ОБСЕ, останува целосно ангажирана во обезбедувањето услови за прекин на воените дејствија во Украина со цврсто придржување до принципите за почитување на државниот суверенитет и територијалниот интегритет и слободата на државите да избираат свои безбедносни аранжмани.

Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија за време на своето претседавање со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирана на изнаоѓање начини да се дополнат процесите за стабилност, безбедност и предвидливост во регионот на ОБСЕ и пошироко врз основа на Хелсиншката повелба за безбедност и соработка како основачки акт на оваа организација.

Спонзорирано: