Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ОД 13 НОЕМВРИ ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНИТЕ ДЕПОЗИТИ – Објавени инструкции за клиентите на српската Алта банка

Исплатата на осигурените депозити на клиентите на Алта банка во Србија треба да почне на 13 ноември преку Банка Поштанска штедилница. Правото се однесува на депонентите што ги исполнуваат условите, до осигурениот износ од 50.000 евра по депонент, соопшти банката исплатувач.

За идентификација се бара важечка лична карта или пасош, како и оригинален документ за сметката или депозитот. За претприемачи и правни лица има дополнителна документација. Од 12 ноември е најавен портал за закажување термини. Оваа постапка се однесува на банката во стечај во Србија и на српскиот систем за осигурување депозити; не е постапка за исплата на клиентите на битолската банка.

Можеби ќе ве интересира

GOOGLE ИМА НОВ УРЕД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ ИЗГУБЕНИ ПРЕДМЕТИ – Pixel Tag чини околу 30 долари

ДЕСК

ПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Нови измени во Кривичниот законик

ДЕСК

ВЛАДАТА ПРЕД НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ – Се разгледува обезбедување околу 60 милиони евра

ДЕСК