26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

БГНЕС: Петков дозволува Македонија да почне преговори со ЕУ, без бугарските услови во предлог-заклучоците

Европскиот совет изготвил документ кој што ја содржи преговарачката рамка за Македонија, како и декларација за одржување на првата Меѓувладина конференција со Скопје, објави БГНЕС. Агенцијата тврди дека имала увид во документот во кој наводно нема ништо од досегашната бугарска позиција за почеток на преговорите.

Како што пишува во објавениот текст, единствено е содржан условот кој што не е дел од Рамковната позиција, а се појави лани и се однесува на вклучување на Бугарите во македонскиот Устав. „Сите останати услови, особено оние поврзани со заедничката историја, со говорот на омраза во учебниците и во медиумите, потоа рехабилитација на жртвите на комунистичкиот режим заради нивното бугарско самоопределување воопшто не фигурираат во предложените заклучоци”, пишува во текстот во кој се додава дека не се предвидува вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка што значи дека нема никакви гаранции за исполнување на обврските од страна на Скопје.

Исто така, наводно има два дополнителни документа чија содржива во моментот е неизвесна. Едниот документ најверојатно е протокол, а вториот, како што пишува БГНЕС, е за „таканаречениот македонски јазик што значи и негово фактичко признавање”. Во документот било напишано дека Бугарија и Северна Македонија ќе имаат еднострани изјави за македонскиот јазик.

БГНЕС го објавува целосниот тест на нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија:

1.Потсетувајќи се на своите заклучоци од 14 декември 2021 година, Советот ја поздравува континуираната определба на Северна Македонија да продолжи со реформската агенда на ЕУ и да постигне опипливи и одржливи резултати, што го отвори патот за одлуката за отворање на пристапните преговори во март 2020 година.

2. На патот на Северна Македонија кон членство во Европската Унија, Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

3. Во врска со тоа, Советот го поздравува договорот за (билатерален протокол) (конечното име да се потврди) за спроведување на Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Овој важен чекор ќе придонесе за добрососедски односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација.

4. Исто така, ќе говозможи да зајакнат правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците во северна Македонија и, како такви, ќе придонесе за почитување на политичките критериуми од Копенхаген. Во таа насока, Советот ја поздравува намерата на Северна Македонија да започне соодветни уставни промени со цел во преамбулата на Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во државата и се дел од други народи, како на пример Бугарите.

5. Земајќи го целосно предвид овој напредок и континуираното усогласување со барањата во сите области идентификувани од Советот во јуни 2018 година, Советот одлучи да ја одобри Преговарачката рамка и да одржи, во согласност со подобрената методологија, политичка меѓувладина конференција со Северна Македонија на 23 јуни 2022 година во Брисел на ниво на шеф на држава или влада за да ги претстави следните чекори во процесот на проширување по усвојувањето на Преговарачката рамка

6. Советот, исто така, одлучува да свика нова Меѓувладина конференција за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ и е подготвен да ја одржи без натамошно одлагање и без дополнителни политички одлуки, штом Северна Македонија ја исполни својата обврска за да ги склучи горенаведените уставни измени согласно своите внатрешни процедури.

7. Во овој контекст, Советот забележува дека Комисијата постигна напредок во спроведувањето и завршувањето на процесот на аналитички преглед на правото на ЕУ (аки) и е подготвена да ги претстави резултатите на Северна Македонија во догледно време. Врз основа на ова, Советот ја повикува Комисијата да продолжи да ја оценува состојбата на подготовките на Северна Македонија за почеток на преговорите во одредени области и да ги идентификува најверојатните прашања што ќе се појават во текот на преговорите, почнувајќи од кластерот Основи, кој со прво ќе се отвори преговарачката рамка, откако северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот.