9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бугарските пратеници ќе одлучуваат за предлозите за Македонија што отстапуваат од Рамковната позиција

Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека ќе му предложи на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Македонија, а секој предлог за решавање на спорот ќе биде испратен во бугарското Собрание и за него ќе расправаат пратениците.

Новинската агенција БНЕС која вчера објави дека намерата на Петков е да го заобиколи бугарското Министерство за надворешни работи за да го тргне ветото, го објави предлогот на Петков:

Точка 1: Секој предлог од страна на француското претседателство со Европската унија од земја-членка или Европската комисија поврзан со одобрување на почеток на преговори за членство во ЕУ на Pепублика Cеверна Mакедонија и Албанија, изготвен во подготовка за или за време на состанокот на Комитетот на постојаните претставници или Советот за општи работи, кој отстапува од Рамковната позиција на Советот на министри од 2019 година, веднаш да бидат испратени од Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ до Комисијата за надворешна политика на Национално собрание.

Точка 2: Претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојаните претставници и во Советот за општи работи да не се согласат со предлогот од точка 1 до расправа во Народното собрание, а во случај на нивно отфрлање од Народното собрание да изразат негативна позиција за нив.

Како што вели Петков, со други зборови, предложил по читањето на предлогот за кој денеска ќе гласа Советот на министри, „да биде јасно – секој предлог што се разликува од рамковната позиција треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се даде согласност додека се расправа во Народно собрание и доколку има негативна одлука – автоматски да се даде негативен одговор“.

„На овој начин избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада ќе направи што било во врска со прашањето за Република Северна Македонија и ова прашање треба целосно да го решат народните претставници во Собранието. Ова е одлука на Министерскиот совет“, рече Петков, пренесе БГНЕС.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Чарлс Трети денеска првпат ќе им се обрати на пратениците како монарх

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

Коциќ: Државничката одлука на мнозинството пратеници го отвори европскиот пат, македонскиот јазик во ЕУ

M T

Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

M T

МЗШВ бара од пратениците едногласно да го усвојат Законот за земјоделство и рурален развој како приоритетен на денешната пленарна седница на Собранието

M T