Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски е во коалиција со криминалот на Груевски, се што прави е за спас на неговата фотелја

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе.

Причините за распадот на коалицијата на Мицкоски ги наведоа токму негови поранешни коалициони партнери кои јавно излегоа и обвинија за рекет и закани кон бизнисмени.

За овие сериозни наводи и индиции за рекет и закани кон бизнисмени треба да се произнесе Јавното обвинителство.

Едно е факт. Мицкоски е во коалиција со криминалот на Никола Груевски.

„Талир 2“ „Тврдина – Таргет“ „Тенк“ „Плацови на Водно“ како и последниот случај со „Криминални парцели“ кој е во истражна постапка се уште потврда за тоа.

Се што прави Мицкоски, прави за спас на неговата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +