20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 14 добива голема надградба на предната камера

Со секоја нова серија, Apple обично имплементира значителни подобрувања за камерите на моделите на iPhone, но предната камера е занемарена во последните години.

Тоа може да се промени со претстојната серија на iPhone 14, која ќе се појави подоцна во текот на годината. Аналитичарот Минг-Чи Куо објави нов извештај, кој се фокусира на предната камера на серијата.

Предната камера се очекува да има автофокус, што значи дека ќе нуди поостри фотографии и подобар целокупен квалитет на сликата. Дополнително, ќе има леќа со шест елементи (наместо пет елементи), што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на сликата.

Apple последен пат ја надгради предната камера во 2019 година, кога iPhone 11 Pro беше претставен со селфи сензор од 12 MP. Визуелно, предната камера за iPhone 14 исто така треба да биде различна. Се очекува издолжен отвор кој ќе го замени претходниот рез (заб) на екранот.

Претходните извештаи сугерираа дека моделите на Pro iPhone 14 ќе бидат помоќни од стандардните модели и треба да имаат камери од 48 MP на задната страна. Не е познато дали ова ќе важи за предните камери.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Германка инсталирала камера за да види кој ѝ ја краде долната облека

M T

Поставил надзорна камера пред влезната врата. Она што го снимила во 2 часот наутро ќе ви ја заледи крвта (Видео)

CENTAR MKD