8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Форумот за дигитална безбедност на Западен Балкан во Талин, Естонија

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска замина за Талин, Естонија каде ќе учествува на Форумот за дигитална безбедност на Западен Балкан, но ќе има и низа работни средби во делот на дигитална безбедност и дигиталната отпорност на општеството.

Покрај вицепремиерката Грковска, на Форумот за дигитална безбедност на Западен Балкан, на кој ќе се разговара за сајбер безбедноста во регионот и за најдобрите европски практики во областа, ќе учествува и еврокомесатот за проширување Оливер Вархели, министерот за претприемништво и информациска технологија на Естонија, Андрес Сут, македонскиот министер за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, како и повеќе експерти од областа од Западен Балкан и Европската Унија.

Во рамките на дводневната работна посета на Талин, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со Герт Ауварт, директор на Одделот за сајбер безбедност на Естонија, како и со Клен Јаартс, директор во естонската Влада за Европски прашања.

Вицепремиерката Грковска ќе го посети и НАТО центарот за кооперативна сајбер одбрана во Талин, кој им дава интердисциплинарна поддршка на земјите членки на НАТО, како и експертиза во делот на сајбер одбраната, тренинзи и вежби во областа на технологијата, стратегијата и законодавството.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК