17.8 C
Скопје
2. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија

Лавина оставки во владата на Петков

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска се очекува до крајот на денот да поднесе оставка, откако другите тројца министри од партијата Има таков народ (ИТН) веќе ги депонираа своите.

Лидерот на ИТН Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напушта владејачката коалиција и ги повлекува своите министри од владата на Кирил Петков.

Вчера, Трифонов гостуваше во емисија на радио „Дарик“ и на прашањето зошто ја напуштил коалицијата, тој ја крена раката и гледајќи нагоре, извикна: „Заради Македонијааааа“. Претходно во интервјуто, тој кажа дека нема да има влада „заради Македонија, не заради ИТН“.

Освен Генчовска, од владата си заминуваат министерот за регионален развој Гроздан Караџов, министерот за спорт Радостин Василев и министерот за енергетика Александар Николов.

Засега не се знае кога ќе се гласа за нивните оставки во бугарскиот парламент, бидејќи од партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков рекоа дека прво треба да се донесе ребалансот на буџетот.