Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Медиумите под канџа на опозицијата ја излажале јавноста: МЦМС нема објавено анкета за рејтинзи на партиите

„МЦМС нарача и објави анкета за ‘100 дена Влада’. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи“, вели директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, откако повеќе портали денеска објавија анкета со рејтинзи на партиите, објави интернет порталот 360степени.мк.

Од МЦМС велат дека не постои нивна анкета за рејтинзи на политичките партии. Откако неколку портали денеска објавија резултати од истражување на јавното мислење со рејтинзи за партиите, „360 степени“ се обрати до МЦМС со барање да ја добие анкетата за автентично да ги објави податоците од неа.

На нашето барање одговори директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, велејќи дека таква анкета нема, пишува 360 степени.мк.

Претходно лажната анкета ја пбјавија медиуми кои важат дека се под канџа на опозицијата и рекламираа унгарско маслиново масло кое не постои.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК