14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Честитки за македонскиот народ кој со прифаќањето на Охридската Архиепископија за канонска црква гордо стои во заедницата на православните цркви

Премиерот Димитар Ковачевски и Бујар Османи, министер за надворешни работи, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, како членови на делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска присуствуваа на богослужба што ја сослужуваа Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар на Охридската Архиепископија, г.г. Стефан и Патријархот на Вселенската патријаршија и Архиепископ Вартоломеј како чин со кој се потврдува приемот на Охридската Архиепископија во литургиско единство со сите православни цркви врз основа одлуката на Вселенскиот Патријарх и на Светиот патријаршиски синод на Вселенската патријаршија од 9 мај за отстранување на шизмата и за воспоставување на канонски статус на Охридска Архиепископија.

Во рамките на програмата на посетата на Вселенската патријаршија беше приреден прием за членовите на делегацијата и тет-а-тет средба на премиерот Ковачевски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Претседателот на Владата Ковачевски на крајот од оваа посета во изјавата за медиумите, што ви ја пренесуваме во целост, истакна:

Денес е голем историски ден затоа што после векови Охридската Архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија и со тоа беше исправена една голема историска неправда.

Ќе се послужам со зборовите на нашиот Архиепископ г.г. Стефан кој што ги кажа на крајот на литургијата дека Охридската древна архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија, како татко и син, како мајка и ќерка, како брат и брат, како сослужител и затоа денес целиот наш народ, сите наши православни верници со големо воодушевување ја примија веста за ова заедничко сослужување за кое што јас искрено верувам дека ова сослужување и примањето во канонско единство на нашата црква ќе биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на г.г. Стефан, на сите владици и на целиот Синод, на Вселенскиот Патријарх, г.г. Вартоломеј и на Синодот во Вселенската патријаршија и сакам да упатам порака до сите православни верници во целиот свет, до сите свештеници во православниот свет, да ја посетат Северна Македонија, да го посетат Охрид, древниот Охрид кој што претставува катедра на православието.

Спонзорирано: