Не е пријатно ако ви се случи по грешка да испиете расипано млеко, па луѓето се трудат да се погрижат да не консумираат храна со поминат рок напишан на амбалажата.
Експертите велат дека некои намирници не треба строго да се придржуваат до овие датуми бидејќи тие често се само упатства.
Иако постојат исклучоци од ова правило, како што е употребата на млечната формула за доенчиња, која секогаш треба да се фрли ако рокот на траење е истечен, има храна со која можете да бидете пофлексибилни.
Млеко
Млекото обично е безбедно за консумирање и до една недела по истекот на рокот од пакувањето. Сепак, тоа зависи од видот на млекото што го купувате – колку е поголема содржината на маснотии во млекото, толку пократко ќе трае. Ако не сте сигурни, мирисот на млеко може лесно да ви каже во каква состојба е.
Јајца
Честопати можете целосно да го игнорирате датумот на истекување на кутиите со јајца, бидејќи тие обично се безбедни за јадење неколку недели подоцна. Се разбира, колку повеќе се оддалечувате од рокот на употреба, толку помалку ќе бидат свежи, но тоа не мора да значи дека не се јадат.
Тестенини
Сувите тестенини ќе бидат безбедни за јадење и до две години по истекот на рокот. Доколку сеуште сте љубител на свежи тестенини, треба да ги јадете само до пет дена од датумот на пакувањето.
Откако ќе ги зготвите тестенините, можете безбедно да ги јадете до една недела, но може да потрае и до осум месеци ако се замрзнати.
Сирење
Многу тврди сирења се безбедни за јадење долго по истекот на рокот. Дури и ако вашето сирење стане мувлосано, обично можете само да го изгребете и ќе може да се јаде.
Сирењата како камбер или бри често имаат бела мувла која исто така може да се јаде, само внимавајте на портокаловата, сината или зелената мувла на овој вид сирење бидејќи тоа е знак дека е расипано.
Суви состојки
Солта, биберот, брашното, сода бикарбоната и шеќерот се безбедни долго време, а причината е недостатокот на влага. Меѓутоа, ако некои суви состојки се опкружени со чуден мирис, тоа може да укаже на наезда на паразити во нив.
Сурово месо, живина и риба
Суровото месо и живината ќе траат само неколку дена во фрижидер, но нивното чување во замрзнувач е одличен начин да се продолжи тој рок на траење.
Замрзнатото пилешко или мисирка можете да го чувате во замрзнувач повеќе од една година. Сепак, замрзнатото мелено месо трае само до четири месеци во замрзнувачот. Суровата риба може да издржи до девет месеци во замрзнувач, додека пушената риба може да издржи најмногу шест месеци.
Зеленчук и овошје во вреќи или замрзнати
Салатата во вреќи може да почне да скапува по истекот на рокот, но ако не поминало предолго, обично може да се спаси со потопување во ледена вода неколку минути. Кога станува збор за замрзнатото овошје и зеленчук, тие обично можат да траат и до 10 месеци по испечатениот датум.
Конзервирана храна
Многу видови на конзервирана храна може да траат и до две години по истекот на рокот, особено супите и зеленчукот.
Сепак, конзервираните домати и ананас генерално нема да траат толку долго поради високите нивоа на киселост.